Македонија

Груби излегува од домашен притвор, се чека одлука за враќање на пасошот

13.10.2026 11:52

Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор, откако истече мерката што му ја одреди судот, а која најмногу може да трае до 60 дена согласно законот од нејзиното определување. Сè уште нема одлука за неговото барање за враќање на пасошот со гаранција од над 300 илјади евра, а за тоа се чека произнесување од Основното јавно обвинителство Скопје.

Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија.

Постапката се однесува на сомневања за неправилности при набавката, а одлуката за враќање на пасошот на Груби останува отворена до произнесувањето на надлежното обвинителство.