МВР

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

13.10.2026 13:07

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби...

Вчера во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.