Квалитетот во високото образовани ќе се мери со државен испит

03.10.2014 15:29

Ќе се полага два пати, во втора и во четврта година. Ќе бидат опфатени и приватните и државните универзитети...

За да се измери квалитетот на високото образование во земјава, Министерството за образование размислува да воведе државен испит.

Ќе се полага два пати, во втора и во четврта година. Ќе бидат опфатени и приватните и државните универзитети.

Ресорниот министер тврди дека на овој начин ќе добијат диплома само оние кои вистински ја заслужуваат.

Апелираше високото образование да не се сфати како бизнис туку како наука. Се планира и воведување приемен испит за странските студенти.