Бугарија

Нови напади со дронови на два брода во бугарските територијални води во Црното Море

13.10.2026 19:06

Два трговски брода се погодени во одделни инциденти во Црно Море. Во нападите се повредени членовите на екипажот, еден од бродовите потонал. Морнарите тврдат дека се работи за руски дрон.

Два трговски брода се погодени во одделни инциденти во Црно Море. Во нападите се повредени членовите на екипажот, еден од бродовите потонал. Морнарите тврдат дека се работи за руски дрон.

„Дрон удри трипати. Руски дрон. Се е во ред, фала му на Бога. Дроновите беа водени“, вели морнар од бродот „Челзи 3“.

„Немаше пожар. Сите се живи и здрави и се е во ред“, додава друг морнар од бродот „Челзи 3“

Ова е втор инцидент, откако изминатата недела исто така два брода беа погодени во ексклузивната економска зона во бугарските води.

„Пет лица беа пренесени во болницата „Света Ана“ со полесни повреди. Едно лице беше однесено на Воено-медицинската академија во Варна со полесни изгореници. Пристигнаа информации и за друг брод кој исто така бил нападнат во близина на Крапец, повторно во близина на територијалните води на Република Бугарија“, изјави Марио Смарков, регионален гувернер на Варна.

Премиерот Румен Радев оцени дека ваквите напади се „апсолутно неприфатливи“. Побара од ЕУ и НАТО да помогнат во истрагата, а на разговори ја повика руската амбасадорка во земјата.

„Мораме прецизно да утврдиме на која земја и припаѓаат беспилотните летала што ги напаѓаат бродовите во непосредна близина на бугарските територијални води. Покрај тоа, ќе продолжиме да бараме и да инсистираме на помош за зајакнување на надзорот над нашиот воздушен и поморски простор, како и за јакнење на нашите капацитети за одговор“, изјави Радев.

„Црно Море стана уште еден фронт за ескалација“, истакна претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен. Генералниот секретар на НАТО, тврди дека алијансата будно ја следи состојбата.

Маријана Димовска