Кривичен Суд

Ново рочиште против 13 полициски службеници поврзани со дискотеката „Пулс“ од Кочани

13.10.2026 17:15

Полицајците го обезбедувале пристапот за противпожарните екипи и помагале во извлекување на луѓето од дискотеката „Пулс“, тврдеа двајца вработени во противпожарната бригада, сведоци на одбраната во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за случајот поврзан со трагичниот пожар...

Хидрантот во дискотеката „Пулс“ служел само за украс. Во сандачето имало црево, но не и вентил, па кога го отвориле, сфатиле дека е неупотреблив. На рочиштето на кое им се суди на 13 полицајци од Кочани и Штип сослушани двајца пожарникари, сведоци на одбраната. Објаснија дека евакуацијата се одвивала тешко поради чадот и топлината, но тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили заеднички им помагале на повредените. Семејствата на загинатите сметаат дека полицајците морале да го прекинат концертот.

Полицијата претходно го расчистила и патот за да пријдат ПП возилата, а обезбедила и простор за паркирање, рекоа сведоците.

Анита Димитријевска – Велковска