Од наредната недела вакцинација против сезонскиот грип
Пристигнаа првите 30 илјади вакцини против сезонски грип. Центрите се подготвуваат, имунизацијата ќе почне навреме, велат здравствените власти. Пријавувањето е преку системот мој термин. Предност ќе имаат најризичните групи пациенти. До средината на ноември се очекуваат и дополнителни 25 илјади дози. Следниве денови треба да стигнат и БСЖ вакцините од Јапонија.

Почнува пријавувањето во системот „Мој термин“ за вакцина за сезонски грип, но битката за заштита нема да биде иста за сите. Предност ќе имаат најризичните. Првите 30.000 вакцини за сезонски грип веќе се пристигнати, а до 15-ти ноември во земјава ќе стигнат уште 26.000. Имунизацијата се очекува да почне без одложување.
Денови се во прашање кога ќе пристигне бесеже вакцината во земјава, по постигната согласност со УНИЦЕФ за обезбедување едногодишни количества од јапонски производител.
Здравствените власти привремено ја стопираа вакцината со БСЖ откако истото го направи и хрватска поради регистрирани 4 случаи на остеомиелити кај деца, кои се поврзуваат со вакцината од истиот производител што се користи и кај нас.
Ана Јосифоска
