Македонија

Зголемен бројот на пациенти во судското одделение во „Бардовци“

13.10.2026 18:00

Во психијатриските болници се зголемува бројот на пациенти кои со судска одлука, поради нарушено психичко здравје се лекуваат и издржуваат казана во овие институции. Во Бардовци беше и реновиран делот во кој овие пациенти ќе бидат сместени.

Најголем број од психијатриските оддели одржува константен број на пациенти, судскиот руши рекорди по број на згрижени. Иако, Народниот правобранител изрази сомнеж како осуденици за тежок криминал наместо зад решетки добиваат лекување.

Судскиот оддел е двојно пополнет, има капацитет од 40 легла, а тука има 97 пациенти, вели директорот во последно време многу често осудениците тука се праќаат на лекување и на издржување на казната.

Поради ова првиот човек на болницата Хиса Авдулаи вели, наредната година ќе го реновира судскиот оддел.

Потребата од задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа наменета за таа цел ја утврдува судот кој ја изрекува согласно со членот 63 од кривичниот законик.

Пред повеќе од една година во судскиот оддел во болницата во Бардовци се случи убиство по тепачка меѓу двајца осуденици. Иако вработените пријавувале дека имаат проблеми со насилникот кој објавувал видеа дека тепа затвореници, но и покрај тоа тој слободно се шетал низ градот. Здравствените власти најавија засилување на мерките за безбедност.

Наташа Јанчиќ – Менковски