Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 641 прекршок
При спроведената контрола констатирани се вкупно 641 прекршок, од кои 314 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 327 прекршоци се констатирани во населено место.

На 11.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
При спроведената контрола констатирани се вкупно 641 прекршок, од кои 314 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 327 прекршоци се констатирани во населено место.
Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Дополнително, констатирани се и 86 прекршоци од друг вид.
За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот. Непочитувањето на пропишаната брзина претставува сериозен ризик за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период.
