Собрание

Тројца кандидати на интервју за член на Судскиот совет

14.10.2026 08:25

Тројца адвокати денеска ќе бидат интервјуирани во Собранието во рамки на постапката за избор на нов член на Судскиот совет, кого го избира законодавниот дом. На јавниот оглас се пријавиле четворица кандидати, но по проверката на документацијата, условите ги исполниле тројца...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира македонското Собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието беше поништен.