Руско - украински конфликт

Масовен руски балистички напад врз Киев, има загинати и повредени

14.10.2026 10:09

Русија изврши масовен балистички напад врз Киев и неколку други украински градови, со загинати и повредени. Погодена и клучната електрана во главниот град. Зеленски обвини дека Украина не била навреме предупредена од сојузниците.

„Ракетите ги забележавме само неколку секунди пред ударот. Навремените предупредувања од партнерите, спасуваат животи“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски/

Трамп негира дека САД ја прекинале разузнавачката соработка со Киев. Тврди дека двете страни го прекршиле енергетското примирје, но дека работат за завршување на војната.

„Споделуваме разузнавачки информации. И двете страни сакаат крај на војната, но не знаат како да го постигнат“, истакна американскиот претседател, Доналд Трамп.

Зеленски најави нови разговори со САД, додека ЕУ отвори два нови преговарачки кластери. Москва го обвини НАТО дека се подготвува за конфликт со Русија и ја предупреди да не „го преминува работ на бездната“.