Франција
Продолжуваат студентските протести во Франција
14.10.2026 10:33
По судирите со полицијата во Париз и Лион, со употреба на солзавец и оштетување јавен имот, властите стравуваат од нова ескалација...

Продолжуваат студентските протести во Франција за подобри услови во образованието. По судирите со полицијата во Париз и Лион, со употреба на солзавец и оштетување јавен имот, властите стравуваат од нова ескалација.
Иако Владата тврди дека протестите стивнуваат и дека над 94 насто од училиштата се отворени, сепак насилството се засилува. За сабота се најавени нови масовни демонстрации.
