Албанија
Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана, има приведени
14.10.2026 12:04
Студентскиот протест во Тирана, со барање за оставка на премиерот Рама и неговата влада, прерасна во повеќечасовни судири со полицијата, пожари и вандализам.

Студентскиот протест во Тирана, со барање за оставка на премиерот Рама и неговата влада, прерасна во повеќечасовни судири со полицијата, пожари и вандализам.
Полицијата употреби солзавец и водени топови, а беа оштетени десетици објекти, меѓу нив и општинската зграда. Повредени се неколкумина, а приведени над 20 лица.
Народниот правобранител ги испитува околностите на полициската интервенција.
