Македонија

Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, распишана меѓународна потерница

14.10.2026 11:05

Ива Михаилова нелегално ја напуштила Македонија. Основниот суд од Кочани и определи 30-дневен притвор, распишана е и меѓународна потерница. МВР истражува како се случило Михаилова да излезе од државава и дали тоа било на легален граничен премин.

Ива Михаилова нелегално ја напуштила Македонија. Основниот суд од Кочани и определи 30-дневен притвор, распишана е и меѓународна потерница. МВР истражува како се случило Михаилова да излезе од државава и дали тоа било на легален граничен премин. Бугарскиот амбасадор повикан во МНР. Доби устен демарш.

Пречекот на бегалката во Софија оценет како провокација што ги подрива добрососедските односи. Опозицијата бара екстрадиција и оставки.

Михаилова е обвинетата за сообраќајна несреќа со жртва. Таа и нејзиниот адвокат тврдат дека ја поминале границата преку редовен граничен премин, додека македонската полиција вели дека нема евидентиран излез, а бугарската страна не регистрирала легален влез.

Истрагата треба да даде одговор како е можно лице со активна судска мерка да се најде во друга држава без соодветен запис.