Здравство

Технички проблем со порталот за вакцинација против грип

14.10.2026 11:24

Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип доцни поради технички проблем со официјалниот портал. Министерот за здравство Клековски најави дека системот ќе биде активен во најскоро време...

Има технички проблем со официјалниот портал за пријавување вакцинација за сезонски грип, системот ќе биде активен час поскоро, вели министерот за здравство Клековски. Вакцините се пристигнати и ќе бидат дистрибуирани до Центрите за јавно здравје.

Во земјава веќе се пристигнати 30 илјади дози, а дополнителни 26 илјади се очекуваат до 15 ноември. Вакцинацијата против сезонски грип е важна превентивна мерка, особено за лицата со зголемен ризик од компликации.