Притворени 2 македонски државјани за сообраќајката во Белград

24.12.2013 22:00

Не еден, како што првично имаше информација, туку двајца македонски државјани се во притвор по завчерашната сообраќајна несреќа во Србија. Осомничени се за тешко кривично дело насочено против безбедноста. Од полицијата во Сремска Митровица за МРТ потврдија дека С.Н, роден во 1986 г. и С.Б роден во 1973 г., учесници во сообраќајката кај Шимановци, биле задржани по барање на обвинителството од овој град. Досегашната истрага покажала дека причини за тешката сообраќајка на автопатот Батровци-Белград е густата магла и неприлагодување на брзината на возење со условите на патот.

5-мина наши државјани се пуштени на домашно лекување, а брачната двојка Николови од Виница сеуште се наоѓаат во Ургентниот центар во Белград.

„Имам удар на десната нога, на десната страна на рамото. Имам болки, повеќе на десната страна. Друго немам... и дишењето малку... тешко дишам од што имам скршени две коски“, рече Ристо Николов.

„Имаше гужва. Само што стигнавме. Нормално, запираш, даваш се од себе, но беше голема гужва и се се случи за секунда, се се собра на куп“, раскажува Драгица Николова.

По извршените хируршки зафати, Николови добро се чуствуваат. Но нивната снаа, италијанска државјанка се наоѓа во критична состојба и веќе и е ампутирана ногата.

Оливер Бранковиќ