Во пожар во Прилеп полесно повредено 14 годишно девојче

03.10.2014 16:16

Во паниката сите членови да излезат надвор од дофатот на огнените јазици, биле принудени да скокнат од прозорец при што полесно е повредено 14 годишно девојче...

Во пожар што изутрината ја зафати семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески им изгоре подрумот и зафати една просторија од куќата.

Во паниката сите членови да излезат надвор од дофатот на огнените јазици, биле принудени да скокнат од прозорец при што полесно е повредено 14 годишно девојче.

Девојчето се здобило со набиеници и е пренесено во градската болница.

Пожарникарите интервенирале околу пет часот и триесет минути изутрината, го изгаснале пожарот и допрва треба да се утврдат причините.

Прилепското семејство Смугрески апелираат  да им се помогне за да побрзо продолжат  да живеат во нормални услови.