Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2
Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ...

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.
Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.
Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.
Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима. Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.
