Опозициски прашања
Во Собранието, седница наменета за поставување опозициски пратенички прашања...

На седницата за опозициски прашања од ДУИ упатија прашање дали власта има стратегија за деблокада на евроинтегративниот процес и отворање на преговарачките поглавја.
Премиерот Мицкоски вели Европската унија останува стратешка цел на државата и тука нема поместување ниту милиметар. Ние сакаме тој процес, како што сме кажале многупати во минатото, да го почнеме и да го завршиме, не само да го почнеме, додаде претседателот на Владата. Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот.
Од СДСМ го прашаа министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, зошто се доцни според нив со изградбата на регионалната санитарна депонија за североисточниот регион.
Министерот Хоџа нагласи дека договорот што треба наскоро да се потпише не опфаќа само изградба на нова санитарна депонија, туку вклучува и целосна санација и затворање на сегашната депонија.
На секои две недели опозицијата има можност да поставува прашања во законодавниот дом до извршната власт за актуелните економски и политички состојби во државата.
Игор Панов
