Развојот на македонските брендови и нивното позиционирање на странските пазари во фокусот „Бизнис арена 2026“
Отворени вратите кон нови пазари за македонскиот бизнис, но за тоа потребна е добра идеја и квалитетен производ, велат стопанствениците. За еден бизнис да расте и вон домашниот пазар потребни се знаење, капитал, партнери, велат од Владата.

Отворени вратите кон нови пазари за македонскиот бизнис, но за тоа потребна е добра идеја и квалитетен производ, велат стопанствениците. Сопственикот на една од македонските компании која изработува производи кои се користат во градежниот сектор, вели дека ја внесуваат вештачката интелигенција, но засега само во делот на маркетингот.
За еден бизнис да расте и вон домашниот пазар потребни се знаење, капитал, партнери, велат од Владата. Според министерот Андоновски, вештачката интелигенција има главен удел со цел зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонскиот бизнис.
Менаџерите на македонските компании четврта година по ред разменуваат искуства и се вмрежуваат со меѓународни партнери, со цел зголемување на соработката за поголем извоз на домашни брендови.
Бизнисмените разменија искуства и идеи со претставници на бизнис-секторот, институциите и деловната заедница, со акцент на актуелните трендови и можностите за унапредување на деловното опкружување.
Борис Грујоски
