Одбележување

59 години од формирањето на МАНУ

14.10.2026 19:51

Македонија е дел од Европа и сите понатамошни одложувања на нашата европска интеграција се бесмислени. Ова го порача претседателот на Македонската академија за науките и уметностите, академик Живко Попов, во обраќањето по повод 59-годишнината од формирањето на МАНУ...

Македонија е дел од Европа и сите понатамошни одложувања на нашата европска интеграција се бесмислени. Ова го порача претседателот на Македонската академија за науките и уметностите, академик Живко Попов, во обраќањето по повод 59-годишнината од формирањето на МАНУ.

Додаде, по сите отстапки и болни реформи коишто ги направивме, оправдано е да очекуваме помош од нашите стратегиски партнери за надминување на блокадата за членство во европската унија.

Во меѓувреме, од големо значење за Македонија ќе биде подобрување на односите со Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, смета Попов. Додаде дека развојот на трговските односи со САД и можноста за британско финансирање на значајни инфраструктурни проекти, може да придонесат кон економски развој на Македонија.

Марија Котовска