Кривичен суд

Во „Пулс“ немало реконструкција, туку занаетчиски зафат, тврди вештакот на одбраната

14.10.2026 17:56

И по три рочишта, градежниот вештак на одбраната Петре Русески не го смени исказот: објектот во кој била сместена дискотеката „Пулс“ не бил реконструиран. Биле изведени, како што рече – занаетчиско – браварски финеси и ентериерно уредување. Обвинителството се сомнева во неговата стручност.

И по три рочишта, градежниот вештак на одбраната Петре Русески не го смени исказот: објектот во кој била сместена дискотеката „Пулс“ не бил реконструиран. Биле изведени, како што рече – занаетчиско – браварски финеси и ентериерно уредување. Кога обвинителот му предочи фотографии од објектот пред и после пренамената, Русески остана на тврдењето дека зафатите се минорни, па оттука и не била потребна интервенција на градежниот инспекторат.

„Неколку пати кажав дека за овие градежно – занаетчиски работи не е потребна документација или одобрение кои ги пропишува законот. Ова го тврдам бидејќи нема интервенција на конструкцијата на објектот, туку се работи за негово внатрешно уредување“, изјави техничкиот советник на одбранат, Русески.

Семејствата велат дека градежните интервенции не исчезнуваат со нивно преименување, ниту пак одговорноста се избегнува со игра на зборови.

Процесот продолжува со докази на одбраната.

Анита Димитријевска – Велковска