ПССЕ бара Албанија да ги почитува малцинските права
ПССЕ бара поголема ангажираност на албаснките власти во децентрализацијата и почитувањето на малцинските права. Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа и покрај конатстираниот напредок во Албанија, изразија големата загриженост за непрацијалноста на демократските институции и на јавната функција, независноста на правосудството и борбата против корупцијата...

Во однос на заштитата на националните малцинства, иако има глобален напредок во усвоената резолуција му се препорачува на албанскиот парламент да усвои посоодветен механизам за нивното признавање. Притоа се бара и усвојување на глобално законодавство за малцинствата, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионалните и малцинските јазици, во најкраток рок.
Македонското малцинство е признато во Албанија, но неговите права се загроезни со реформата на локалните и регионалните власти со најавеното окрупнување на општините. Шефот на македонската делегација при ПС на СЕ, Александар Николоски го нагласи тоа во дискусијата за Албанија.
„Со исклучок на општината Пустец сите други општини каде што живеар Македонци с еприпојуваат кон поголеми општини каде македонците се значајно малцинство“, рече Николоски.
Тоа според Николоски ќе ги попречи Македонците да ги остваруваат своите права, бидејќи власта според реформата е повеќе во рацете на градоначалникот. Тој притоа посебно иснистираше на потребата од изучувањето на Македонскиот јазик не само во деловите на Албанија каде живее македонско малцинством туку и пошироко.
„Иако е дозволена настава на македонски јазик во општина Пусетц, ние бараме да се дозволи настава на Македонски јазик и во сите други средини каде што живеат Македонци, што е невозможно со постоечките законски решенија“, вели Николоски.
ПССЕ побара од албанските власти да го интензивираат процесот на децентрализацијата, но реформата да биде отворена и за неа да има концензус, како меѓу власта и опозицијата,така и меѓу централните и локалните територијални заедници.
На крајот е одлучено, ПССЕ да го задржи Мониторинг процесот за Албанија, да потстетиме дека Република Македонија се наоѓа во пост-мониторинг процес, што значи дека таа исполнила повеќе обврски од својот сосед.
Тони Гламчевски
