Здравство

Почина жена од западнонилска треска

14.10.2026 16:49

66-годишна жена од Росоман е 11 пациент кој почина на Инфективната клиника од последици предизвикани од западнонилската треска...

Западнонилската треска однесе уште една жртва. 66-годишна жена од Росоман е 11 пациент кој почина на Инфективната клиника од последици предизвикани од западнонилската треска. Жената имала дополнителни заболувања и во тешка состојба била хоспитализирана три недели пред да почине, информира директорот на Инфективната клиника Фадил Цана. На Клиниката има уште една жена која е во тешка состојба. Последниот пријавен случај на заболен од западнонилска треска е од 25 септември.

Сепак, според директорот на Инфективна, Македонија се уште е во групата ризични држави, каде епидемијата може да трае и до ноември.