Австралиската влада одобри воздушни напади против џихадистите на ИДИЛ

03.10.2014 16:29

Воената поддршка се состои од специјални единици на терен и шест австралиски борбени авиони Супер Хорнет кои досега беа распоредени во Саудиска Арабија...

Уште една светска сила се приклучува на борбата против Исламска држава. Австралиската Влада ги одобри воздушните напади против џихадистите во Ирак. Воената поддршка се состои од специјални единици на терен и шест австралиски борбени авиони Супер Хорнет кои досега беа распоредени во Саудиска Арабија.

„Сето тоа е во основа на  хуманитарната мисија насочена кон заштита на ирачкиот народ и австралиската нација од дивјаштвото и убиствата на ИСИЛ и нивниот култ на смртта“, истакна австралискиот премиер Тони Абот на прес конференција.

Во меѓувреме и британската Влада ги засили армиските сили, кои учествуваат во операцијата против милитантите во Ирак.

„Со уште два Торнадо бомбардери го задржуваме темпото за борба против милитантите на Исламската држава. Се обидуваме да помогнеме да се спаси животот во Ирак“, рече британскиот премиер Дејвид Камерон.

Владата на Германија испорача дополнително оружје кон неколку арапски земји за спротиставување на милитантитете. Жестоките  борби продолжија и денеска кај курскиот град во Сирија Анј Ел Араб, недалеку од границата со Турција каде што се чувствуваат детонациите од минофрлачките, а видливи се и облаци од чад.

Анкара како членка на НАТО одлучи да ја заостри политиката и да се приклучи на воента интервенција, за што иранското МНР предупреди за  влошување на состојбата на Блискиот Исток по ваквата одлука.

 

Маријана Димовска