Македонија

„Кромберг и Шуберт“ најавува нова инвестиција, Мицкоски ќе присуствува на потпишувањето на договорот

15.10.2026 08:23

Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“.

Договорот ќе биде потпишан во Свечената сала на Владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција.