Македонија

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Белиот стап

15.10.2026 08:45

Настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија и Зета – Организација за попреченост и правда...

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“, по повод Меѓународниот ден на белиот стап.

Настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија и Зета – Организација за попреченост и правда.

На настанот воведни обраќања ќе имаат Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружение на слепи и лица со оштетен вид Скопје.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на панел-дискусијата ќе се обратат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Ѓоко Велковски, министер за социјална политика демографија и млади, Весна Јаневска, министерка за образование и наука, владината портпаролка Марија Митева и Емилија Ангелова, член на ИППГ за правата на лицата со попреченост.