Медицински конгрес во Скопје со учесници од земјава и странство
Студенти по медицина, лекари, професори и истражувачи од земјава и странство ќе учествуваат на четвртиот Меѓународен конгрес на факултетското студентско собрание, што од денеска до 18 октомври ќе се одржува во Скопје. Програмата опфаќа предавања, научни презентации, интерактивни панели и практични медицински работилници.

Студенти по медицина и биомедицински науки, професори, лекари и истражувачи од земјава и странство ќе учествуваат на четвртиот Меѓународен конгрес на факултетското студентско собрание (4th ICOF), кој ќе се одржи од денеска до 18 октомври во Скопје.
Конгресот е во организација на факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а годинашното издание се одржува под мотото „… AND BEYOND“, со цел да поттикне научна размена, практично учење, меѓународна соработка и унапредување на медицинското образование.
На отворањето на конгресот ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Програмата вклучува предавања од домашни и меѓународни професори, интерактивни панели, научни презентации и практични медицински работилници.
