Албанија

Насилни антивладини протести во Тирана, десетици повредени и над 30 приведени

15.10.2026 10:59

Студентските протести во Тирана ескалираа во насилни судири со полицијата, упади во владини згради и пожари во министерства. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, обвинувајќи ја владата за корупција.

Студентските протести во Тирана прераснаа во насилни антивладини демонстрации со упади во владини згради, банки, опожарени министерства и судири со полицијата која употреби солзавец и водени топови. Повредени се десетици лица, а приведени над 30 демонстранти.

Демонстрантите бараат оставка од премиерот Рама, обвинувајќи ја владата за корупција. ЕУ повика на пропорционална полициска реакција и почитување на правото на протест.