Украина

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на огнот

15.10.2026 11:32

Руските напади врз Украина продолжуваат, додека Киев предупредува дека ограничувањата на Старлинк ја отежнуваат работата на украинската војска. Претседателот Зеленски ја обвини американската администрација дека застанала на страната на Москва.

Руските напади продолжуваат, а Киев предупредува дека ограничувањата на Старлинк ја попречуваат украинската војска.

Зеленски го обвини Трамп дека застанал на страната на Москва, но повтори дека Украина е подготвена за прекин на огнот.

„Од самиот почеток на руската окупација сме подготвени да ја запреме војната и да започнеме дијалог. Секаков дијалог е подобар од нападите“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.