Блиски Исток

Трамп најавува брз крај на конфликтот со Иран, Техеран не отстапува

15.10.2026 14:06

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека конфликтот со Иран наскоро ќе заврши, но повторува дека нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје. Иран, пак, најавува продолжување на борбите додека не бидат исполнети неговите барања.

Трамп тврди дека конфликтот со Иран ќе заврши многу брзо и повтори дека нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје. Иран, пак, најавува продолжување на борбите додека не бидат исполнети неговите барања.

„Тие не сакаат да ги нападнеме. На еден или на друг начин, ова ќе заврши многу брзо“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

„Мора да бидеме подготвени за војна, да се бориме, но и да преговараме за да воспоставиме одржливо одвраќање“, изјави Мохамад Багер Калибаф – претседател на иранскиот парламент.

Во меѓувреме, два брода потонаа во близина на Ормускиот теснец, а жестоките борби продолжуваат и на јеменскиот фронт.