Брисел

Буџетот во фокус на Европскиот совет

15.10.2026 12:32

ЕУ самитот во Брисел што почна утрово е со неизвесни одлуки. Раскол меѓу земјите членки околу следниот седумгодишен буџет од 2028 до 2034 година од над 1.800 билиони евра. Средства треба да бидат издвоени и за идните земји членки кои би требало да се приклучат во периодот од новиот буџет. Покрај Украина и Молдавија, особено Црна гора и Албанија се надеваат на што е можно побрзо пристапување во унија. Сè уште не е дефинирано идното финансирањето на реформите за земјите кандидатки со планот за раст.

Четири земји кандидатки добија патокази за членство, но со новиот европски буџет се кратат средства. Непознато е колку ќе бидат издвоени за идните земји членки кои би требало да се приклучат во периодот од новиот буџет. Покрај Украина и Молдавија, особено Црна Гора и Албанија се надеваат на што е можно побрзо пристапување во Европската унија. Не е дефинирано идното финансирањето на реформите за земјите кандидатки со планот за раст.

„Се подготвуваме за претстојното претседателство на Литванија на почетокот на 2027-ма. Се разбира, остануваме обединети со Украина. Украина отвори два кластери поглавја и не гледам пречки да не се отворат и останатите два“, истакна Гитанас Науседа, претседател на Литванија.

Расколот меѓу земјите членки околу следниот седумгодишен буџет од 2028 до 2034 година е сè поевидентен, предлогот на ирското претседателство е отфрлен од Германија која најмногу учествува само неколку часа по објавувањето. На предложеното кратење на буџетот за само 159 милијарди евра се противат и Холандија, Шведска, Австрија кои бараат намалување од стотици милиони евра наменети за конкурентност, истражување, одбрана, надворешна и развојна политика. Издвојувањата за земјоделството и кохезиската политика за намалување на економските и социјалните разлики меѓу земјите членки остануваат непроменети.

„Предлог буџетот не е доволно добар за Холандија оти сакаме приоритет да е конкурентноста, безбедноста и идната благосостојба. За да се исполни ова мора да се намали буџетот“, посочи холандскиот премиер, Роб Јетен.

„Треба да мислиме помалку на нас, а повеќе што е добро за Европа. Тоа значи трошење. Поддршката за Украина чини пари“, рече Андрис Кулбергс, премиер на Латвија.

Договорот за следниот европски буџет од над 1.800 билиони евра би требало да биде постигнат до крајот на годината, но поради несогласувањата неизвесно е дали предложениот концепт ќе добие зелено светло.

Ирина Гелевска