Се бара поголема поддршка на руралната жена и зајакнување на нејзиниот статус
Во Струмица Националната федерација на фармери го одбележи Меѓународниот ден на руралните жени кои побараа поголема поддршка од државата. Министерот пак посочи дека во тек е повикот за жените земјоделки кои може да добијат поддршка и до 360 илјади денари.

Државата континуирано ги помага жените носителки на земјоделски стопанства. Во моментов е отворен повикот од мерката 115 каде жените земјоделки може да добијат и до 360 илјади денари. Ова го кажа министерот за земјоделство Борче Серафимовски во Струмица на одбележување на меѓународниот ден на руралните жени.
Поголема поддршка на жените во руралните средини и зајакнување на нивниот економски и социјален статус. Ова беа главно барањата на жените што живеат на село и се занимаваат со земјоделство.
Во Струмица се одржа панел-дискусија на тема жените земјоделки лидери на одржливо земјоделство и рурален развој.
Ване Трајков
