КСС во потрага по менаџерски тим, бројот на вработени ќе достигне 800!
Додека да се екипира менаџерскиот тим, во изградениот погон за еден месец треба да стигнат и машините. Нов погон треба да почне да се гради во ноември, а наесен наредната година ќе почне и да работи...

Во тек е огласот за стотина работни места во американската КСС (Кеј Сејфти Систем). Компанијата која е лоцирана во слободнатазона во Кичево, ќе произведува воздушни перничиња за светски марки на автомобили. Заинтересираните можат да аплицираат на е- мејл адреса на компанијата [email protected].
„Ќе ги почнеме разговорите со персоналот на фабриката следната недела. Во моментов имаме потреба за менаџери, за човечкиресурси, за финансии, инеженери за произвидство, контрола на производство, за квалитет, информатичари, за врски со царина, а исто така и за техничари за шиење и за администрација“, изјави Џим Скарпа, заменик-претседател за глобално производство во КСС.
Додека да се екипира менаџерскиот тим, во изградениот погон за еден месец треба да стигнат и машините. Нов погон треба да почне да се гради во ноември, а наесен наредната година ќе почне и да работи.
„Компанијата во почетокот на работата веднаш ќе почне со регрутирање и драстично зголемување на бројот на вработените за идната година“, нагласи директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Ќе бидат инвестирани 20 милиони евра и ќе бидат отворени 800 работни места. Во слободните економски зони во моментов има 3.200 вработени, а до крајот на годината број на вработените ќе се зголеми на 3.500.
Наташа Јанчиќ
