Статистика

Индустрискиот промет во август зголемен за 8,8 проценти на годишно ниво

15.10.2026 15:49

Вкупниот промет во индустријата во август 2026 година е зголемен за 8,8 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот е поизразен на странските пазари, каде што прометот е зголемен за 11,2 проценти, додека на домашниот пазар растот изнесува 4,4 проценти.

Вкупниот промет во индустријата во август 2026 година бележи раст од 8,8 проценти во споредба со август минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, најголем раст е забележан кај капиталните производи, од 17,1 процент, потоа кај нетрајните производи за широка потрошувачка, со 6,9 проценти, и кај интермедијарните производи, освен енергијата, со 1,4 проценти. Кај трајните производи за широка потрошувачка е регистриран пад од 4,2 проценти.

Прометот на странските пазари во август е зголемен за 11,2 проценти на годишно ниво, додека на домашниот пазар растот изнесува 4,4 проценти.

Во периодот од јануари до август годинава, вкупниот промет во индустријата е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период лани. На домашниот пазар растот изнесува 3,9 проценти, а на странските пазари 3,1 процент.

Сепак, во споредба со јули 2026 година, во август е забележан месечен пад на вкупниот индустриски промет од 16,3 проценти.

Најголемо влијание врз годишниот раст во август имале производството на прехранбени производи, со раст од 2,7 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки, со 17,4 проценти, како и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 17,3 проценти.