Случај Михаилова

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата

15.10.2026 17:02

Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија тврди премиерот Христијан Мицкоски, вети дека кога тогаш таа и нејзиниот татко кога тогаш, ќе одговараат. Упати критики и до политичкото раководство на Бугарија, поради демонстрирање политичка моќ и нарушување на односите. Според опозицијата, договорот за Михаилова е само еден од многу случаи, за кој треба да одговара Тошковски...

Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко, кој исто така треба да одговара пред органите на прогонот во Македонија, ќе се соочат со правдата во нашата држава, категоричен премиерот Мицкоски. Тврди дека девојката била илегално префрлена во Бугарија. Последен пат нејзиниот адвокат Димитров во Македонија влегол на 28-ми септември.

Мицкоски упати критики и до бугарското политичко раководство, оценувајќи дека случајот се користи за политички притисок. Ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека заминувањето на Михаилова во Бугарија било однапред договорено.

Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, велат од СДСМ. 

Барбов, Филипче и Заев, ги поминале своите ингеренции и со препораката за лекување во Бугарија, став на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата потенцираат дека е точно оти двете земји имаат билатерален договор, но има правило, кои пациенти и во кој случај добиваат лекарска грижа или лекување во една од земјите за граѓанин на другата држава, а не како што тоа докторот Барбов го направил со упатување. Според бугарските медиуми, одбраната на Михаилова веќе подготвила и поднела барање до 6 институции од кои зависи текот на постапката. Михаилова најавува и приватна тужба против мерката притвор што ѝ ја одреди кочанскиот суд.

 

Милчо Велески