Во Собранието дебата за правата на слепите лица
Слепите лица се чувствуваат дискриминирано, велат дека се невидливи за општеството, а бело стапче, нема каде да се купи во Македонија, недостигаат учебници на Браево писмо, а личните асистенти ги напуштаат поради нерешен статус. На Меѓународниот ден на белиот стап сите се заложија за подобро утре на овие лица, за кои нема регистар но се проценува дека ги има од четири до десет илјади.

Недостиг од бел стап, од тактилни патеки и функционални звучни семафори, узурпирани тротоари за движење од автомобили – државата мора да ни го олесни животот, повикаа Беира и Кети, две девојки кои во Собранието раскажаа за проблемите.
Надлежните уверуваат дека се вложуваат за да им се подобри животот на слепите и слабовидните лица.
Се проценува дека во Македонија има помеѓу 4.000 и 10.000 слепи и слабовидни лица, но точна бројка нема зашто не е воспоставен државен регистар.
Игор Панов
