Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
Странските директни инвестиции годинава пораснале за 46,7 проценти споредбено со лани. Нова експанзија на производството на автомобилски компоненти во Битола. Од Жабени до „Ауди“ – инвестицискиот циклус што го започнува „Кромберг и Шуберт“ е со проектиран извоз од 400 милиони евра за следната година и четиригодишен план за вработување на 2000 луѓе. Идејата на инвеститорот е менаџерските места да се пополнат со домашен кадар, а ако нема доволно работници од земјава, може да се ангажираат и странци...

Од Жабени до „Ауди“ – нова експанзија на производството на автомобилски компоненти во Битола. Инвестицискиот циклус што го започнува „Кромберг и Шуберт“ е со проектиран извоз од 400 милиони евра за следната година и четиригодишен план за вработување на 2.000 луѓе. Идејата на инвеститорот е менаџерските места да се пополнат со домашен кадар, а ако нема доволно работници од земјава, може да се ангажираат и странци.
Оваа компанија досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Новиот погон ќе значи развоен импулс за Пелагонискиот крај и локалното стопанство, вели премиерот Мицкоски, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност.
Приливот на странски директни инвестиции во последните две години достигна 1,3 милијарди евра, што според надлежните се должи на зголемениот интерес за вложувања и на потенцијалот на земјава како атрактивна инвестициска дестинација.
Анита Димитријевска – Велковска
