Здравство

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне следната недела

15.10.2026 17:41

Имунизацијата против сезонски грип ќе почне следната недела, бидејќи вакцините сè уште не се дистрибуирани до вакциналните пунктови. Засега се обезбедени 30.000 дози, а следните 25.000 се очекуваат кон средината на ноември. Во меѓувреме, матичните лекари укажуваат дека при распределбата треба да се земе предвид здравствената состојба на граѓаните со хронични заболувања.

Малку вакцини против сезонски грип, а многу заинтересирани. 30.000 вијали, многу граѓани со хронични заболувања и постари од 65 години. Иако министерот за здравство рече ќе се цени здравствената состојба при делење на вакцините, сајтот вакцинација.мк нема таква опција.

„Треба да се поработи на оваа бидејќи не сите хронични дијагнози се високоризични“, изјави д-р Анкица Станоевска, матичен лекар.

Оние со брзи прсти кои ќе кликнат дека имаат хронично заболување ќе добијат вакцина. Следните 25.000 вакцини се очекува да пристигнат кон средината на ноември. Бремените жени имаат можност да добијат бесплатна вакцина, но ретко која се одлучува за имунизација.

„Во Европа и Америка не може да влезе во родилна сала ако нема примено вакцина“, додава д-р Станоевска.

Здравствените власти најавија дека вакцинацијата ќе почне од 16 до 25 октомври. Имунизацијата против сезонски грип нема да започне од утре, бидејќи вакцините сè уште не се дистрибуирани во вакциналните пунктови. Имунизацијата ќе почне наредната недела, кој ден ќе биде точно-ќе биде информирана јавноста. А граѓаните коишто се пријавиле преку СМС-порака, ќе добијат известување каде и во колку часот треба да добијат вакцини.

Наташа Јанчиќ-Менковски