Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
16.10.2026 08:27
На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, а дневните ќе достигнат од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
