Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат А2 помеѓу с. Ботун и с. Климештани, сообраќајот во двата правци е во прекин
Денеска во 07:50 часот поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А2 помеѓу с. Ботун и с. Климештани, Општина Дебрца, сообраќајот во двата правци е во прекин. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Денеска во 07:50 часот поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А2 помеѓу с. Ботун и с. Климештани, Општина Дебрца, сообраќајот во двата правци е во прекин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
