Осигурување од природни непогоди- реална потреба!

03.10.2014 17:21

Најсвежи се мајските полави кои предизвикаа енормни штети во Централна и Југоисточна Европа. Вистински предизвик за сите земји е крерирањето ефикасен систем на заштитa од природните непогоди и покривањето на ризиците...

Поплавите, земјотресите, сушата, климатските промени предизвикуваат се поголеми штети на компаниите, земјоделците и на домаќинствата. Најсвежи се мајските полави кои предизвикаа енормни штети во Централна и Југоисточна Европа. Вистински предизвик за сите земји е крерирањето ефикасен систем на заштитa од природните непогоди и покривањето на ризиците.

„Ние сега ја градиме инфраструктурата. Преговараме со осигурителните куќи и нивниот број се зголемува во секоја земја. Вистинско прашање е како ќе одговори пазарот на оваа наша понуда“, смета Хајнц Фолен Вајдер, Европа Ре – Швајцарија.

Србија признава дека не на најдобар начин научила за можностите на ваквите финансиски услуги и сега плаќа превисока цена справувајќи се со последиците од поплавите. Државниот буџет е лимитиран, а странските донации недоволни.

„До вчера издадовме 13 илјади и 800 решенија за обештетување вредни 3,3 милијарди динари или во просек по 5 илјади евра за семејство, вели Миломир Михајловиќ, министерство за финансии на Србија.

Светска банка го турка проектот „Европа Ре“, а Македонија е чекор пред другите земји во регионот . Осигурувањето од природни катастрофи е реалност.

„Веќе Европа Ре постои и на пазарот можат да се најдат првите продукти“, вели Климе Попоски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Државата покрива поголем дел од вредноста на полисата. Осигурување хектар пченица земјоделците ги чини 882 денара, а државата покрива 1.300. Црна Гора и БиХ  најавија дека сакаат да бидат дел од регионалниот систем на заштита.

Мајските поплави предизвикаа штети само во Србија кои се проценуваат на 1,5 до 2 милјарди евра. Единствен излез за компаниите и домаќинствата е осигурувањето од природни непогоди.

 

Свето Никовски, специјален известувач од Белград за МРТ