Армија

Командата за операции на Армијата ќе го одбележи Денот на единицата со воена свеченост

16.10.2026 08:44

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски...

Припадниците на Командата за операции на Армијата ќе го одбележат Денот на единицата со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.