Пад на индустриското производство во еврозоната и ЕУ во август
На годишно ниво, индустриското производство во август е намалено за 1,1 процент во еврозоната и за 0,2 проценти во Европската Унија.
Индустриското производство во еврозоната во август 2026 година е намалено за 0,5 проценти во однос на јули, додека во Европската Унија падот изнесува 0,3 проценти, покажуваат првичните проценки на Евростат.
Намалување на индустриското производство е регистрирано и во јули, кога во еврозоната изнесувало 0,3 проценти, а во ЕУ 0,4 проценти.
На годишно ниво, индустриското производство во август е намалено за 1,1 процент во еврозоната и за 0,2 проценти во Европската Унија.
Најголем годишен пад е забележан во Ирска, од 15 проценти, потоа во Белгија, од 7,1 процент, и во Бугарија, од 5,4 проценти.
Од друга страна, најголем раст на индустриското производство има во Холандија, од 9,8 проценти, Унгарија, од 8,8 проценти, и Данска, од 8,3 проценти.
