Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните, најмногу за телефонски и видео повици
93,7 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години користело интернет во првото тримесечје од 2026 година, а 91,2 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од годинава, 81,2 проценти од населението користеле интернет неколкупати во текот на денот. Истиот процент од граѓаните во последните 12 месеци нарачале или купиле стоки и услуги преку интернет.
Меѓу најзастапените начини на користење на информациско-комуникациските технологии се телефонирањето преку интернет и видеоповиците, со учество од 93,5 проценти. Во оваа категорија спаѓаат комуникациите преку апликации како Skype, FaceTime, Messenger, WhatsApp, Viber и Snapchat.
Висок процент е забележан и кај размената на пораки, која ја користеле 88,4 проценти од населението, главно преку апликациите Skype, Messenger, WhatsApp и Viber.
Податоците на Државниот завод за статистика укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги, како и на висок степен на интернет-пристап во домаќинствата во земјава.
