Албанија

Трет ден насилни протести во Тирана, судири со полицијата

16.10.2026 13:27

Продолжуваат антивладините протести во Тирана, каде трет ден по ред демонстрантите се судираат со полицијата. Припадниците на безбедносните сили употребија солзавец и водени топови, а има и приведени.

Трет ден по ред, демонстранти се судрија со албанската полиција во Тирана. Млади луѓе фрлаа камења кон полицискиот кордон пред Министерството за образование, а полицијата за разбивање демонстрации одговори со солзавец и водени топови и приведе неколку демонстранти.

Протестите беа предводени од студентски групи кои бараат реформи во образованието и оставка од премиерот Еди Рама поради обвинувања за корупција.