Органската храна поблиску до потрошувачите преку специјализирани продавници
Министерството за земјоделство најави субвенциии и во тој дел, државната помош ќе треба да помогне да се зголеми и бројот на производители на органска храна...

Органско сирење, органско месо и друга органска храна од наредната годинaпотрошувачите ќе можат да купат во новите специјализирани продавници за органска храна кои се планира да се отворат со финансиска помош од државата.
Ако досега потрошувачите до овие производи доаѓаа потешко сега тие ќе бидат на чекор до нив. Министерството за земјоделство најави субвенциии и во тој дел, државната помош ќе треба да помогне да се зголеми и бројот на производители на органска храна.
„Плановите се да се направи поголема промоција на органската храна во Република Македонија, директно пред потрошувачите, преку дегустација на храната, потоа во понатамошната стратегија е ставено отворање на специјализирани продавници за органска храна, јакненење на системот за сертификација и комплетниот ланец на производство, од самиот фармер до потрошувачот“, вели Моме Младеновски, од Министрество за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Почнувајќи од 2007 година, беа потрошени 11 милиони денари од буџетот за финансиска поддршка на органското производство, досега е зголемено за 10 пати.
Земјоделците кои произведуваат органска храна добиваат субвенции за 30 проценти повисоки во однос на конвенционалните производители.
Министерството за земјоделство за почеток ќе издаде каталог кој ќе треба да биде линк преку кој во наредниот период ќе може да се прават и нарачки.
Дијана Ценевска
