САД

Тинејџер убил три деца и наставник во училиште во Орегон

16.10.2026 15:42

Вооружен тинејџер убил три деца и наставник во основно училиште во градот Бенд...

Вооружен тинејџер убил три деца и наставник во основно училиште во градот Бенд во американската сојузна држава Орегон. Напаѓачот бил застрелан на местото на нападот.

„Меѓу загинатите на самото место се три деца, на возраст од пет, осум и 11 години, како и еден наставник. Едно седумгодишно дете и еден наставник се пренесени во болница со повреди опасни по живот. Го идентификувавме осомничениот како 16-годишник, жител на бенд.“, изјави Мајк Кранц, началник на полицијата во Бенд.