Во Брвеница од полноќ започнува изборниот молк
На 18-ти во недела жителите на 10 населени места во општината од 7 до 19 часот кога се затвораат избирачките места може да гласаат за еден од шестмината кандидати за градоначалник...

Ноќеска на полноќ започнува изборниот молк на вонредните локални избори во Брвеница за избор на градоначалник на општината. На 18-ти во недела жителите на 10 населени места во општината од 7 до 19 часот кога се затвораат избирачките места може да гласаат за еден од шестмината кандидати за градоначалник. Во трка за градоначалничката позиција се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радевски кандидат на СДСМ, Јакуп Хусеини од ВРЕДИ, Аркин Јахии кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграција и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.
