Власта се бори цената на струјата да остане иста, да нема зголемување до крајот на годинава
Од АД ЕСМ велат дека нивниот есап ќе биде готов до крајот на ноември. Пониско од актуелната цена нема да може да се оди, особено ако се има предвид дека цената на електричната енергија на европските берзи деновиве надминала 200 евра за мегават час, а природниот гас достигнал 86 евра за мегават час...

Се бориме цената на струјата да остане иста и да нема зголемување до крајот на годинава. Засега е трипати пониска од онаа што се плаќа во соседството и Европа – истакна премиерот Мицкоски. Пресметките веќе се прават. Од АД ЕСМ велат дека нивниот есап ќе биде готов до крајот на ноември. Пониско од актуелната цена нема да може да се оди, особено ако се има предвид дека цената на електричната енергија на европските берзи деновиве надминала 200 евра за мегават час, а природниот гас достигнал 86 евра за мегават час.
Изградбата на гасоводните интерконектори со јужниот и северниот сосед ќе биде можност за инвестирање во производство на електрична енергија, но и за замена на јагленот со гас. За ова ЕСМ разговора со Светска банка.
Енергетската стабилност е приоритет на Владата, додаде премиерот.
Александра Велинова
