Мицкоски: Паднаа во вода обвинувањата за договорено бегство на Михаилова
Премиерот Мицкоски ги отфрла обвинувањата за договорено бегство на Ива Михаилова во Бугарија и најавува дека институциите ќе ги искористат сите расположливи механизми за случајот да добие разрешница. Истрагата за начинот на кој таа ја напуштила земјава сè уште е во тек.

Паднаа во вода координираните напади кон власта дека бегството на Ива Михаилова било договорено, вели премиерот Мицкоски. И натаму останува на ставот дека и девојката и нејзиниот татко, кои се и бугарски државјани, а земјава ги бара со меѓународни потерници ќе се соочат со правдата.
Шефот на владата вели дека Македонија има алатки, со кои ќе се бориме на меѓународна сцена. Истрагата за начинот на кои Михаилова ја напуштила земјава е сè уште во тек, а за резултатите, официјално Скопје ќе ги извести партнерите во НАТО.
Од опозицијата побараа како што рекоа скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност.
Ива Михаилова пребега од земјава во Бугарија по илегални канали за наводно да се лекува од бугарски доктори, иако во земјава се води истрага против неа за сообраќајна несреќа со смртни последици.
Игор Панов
